fbpx
Без категорија

Македонските врвни вина на „ВинИтали“ во Верона – една од светските престолнини на виното

Инаку, Република Северна Македонија на овогодинашниот Саем во Верона се претстави со 60-тина видови од нашето најквалитетно македонско вино, од 14 македонски винарии за чии уникатни квалитети се погрижија да бидат достојно презентирани тројца врвни сомелиери.

Ако е точна старата добро позната мисла дека сите патишта водат кон Рим, во периодот од 2 до 5 април за винските професионалци тоа беше Верона. Овој италијански град беше средиштето, епицентарот на винските професионалци, производителите, дистрибутерите и љубителите на вино од светот.

Сместена во североисточниот дел на Италија, Верона, која е една од најпосетените туристички дестинации во земјата, градот на љубовта, во посочениот период е домаќин и на еден од најпознатите и најголемите саеми на вино и алкохолни пијалаци во светот. Овој своевиден фестивал на виното со богата традиција е место каде се случува целиот глобален синџир на снабдување со вино веќе 55 години.

Оваа година на ВинИтали Северна Македонија заедно со Србија и Албанија првпат се претставија со заеднички штанд „Wine vision by Open Balkan“.

Станува збор за презентација и промоција на регионалниот саем за вино „Винска визија Отворен Балкан“, кој првпат во септември 2022 година во Белград го организираа трите земји во рамки на иницијативата Отворен Балкан. Саемот постигна голем успех со учеството на повеќе од 350 изложувачи не само од регионот туку и од цела Европа, а второто издание е веќе закажано за крајот на ноември, во српскиот главен град.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close