fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Исхрана на млечни крави

kraviНеколку напомени:

  • Кабастата храна со добар квалитет е основа за висока млеко продукцијаКравите треба да добиваат толку колку што сакаат да изедат: јаслите треба да бидат празни само кога ќе се чистат!

  • Хранете ги кравите со кабаста храна и концентрат спрема фазата на лактација и млеко производството.

  • Поделете ги кравите на групи спрема фазата на лактација.

  1. Пресни крави (0-3 месеци после телењето)

  2. Крави кои се во лактација повеќе од три месеци

  3. Пресушени крави

  • Кравите во рана лактација хранете ги повеќе со пченкина силажа (високо приносните крави), а исто така и кравите кои се во лактација повеќе од три месеци (крави со пониски приноси). Не му давајте пченкина силажа на пресушените крави кои се во добра кондиција.

  • Давајте им луцеркино сено секокаш повеќе отколку што можат да изедат. Остатокот давајте му го на старите јуници.

  • Дневната дажба за високо продуктивни крави во рана лактација (0-3 месеци после телењето) на пример би изгледала:

  • 20-25 кг пченкина силажа

  • Голема количина на луцеркино сено (колку што можат да изедат)

  • 1-2 кг концентрат богат со протеини (соино брашно)

  • максимум 12 кг концентрат (16% сварливи протеини).

  • Дневна дажба за крави кои се во лактација повеќе од три месеци:

  • 12-16 кг пченкина силажа

  • Голема количина на луцеркино сено (колку што можат да изедат)

  • Над 10 кг млеко: 1 кг концентрат за 1.5 кг млеко.

  • Дневна дажба за пресушени крави:

  • Без пченкина силажа (или малку ако кравите се во лоша кондиција)

  • Голема количина на луцеркино сено (колку што можат да изедат)

  • Хранете ги со минерали (сиромашни со калциум за да ја избегнете млешната треска).

  • Пресушените крави почнете да ги храните со пченкина силажа и 1 кг концентрат 1 недела пред терминот за телење.

  • Зголемувајте ја количината на концентрат пополека после телењето: прво со1 кгдневно а после 1 недела со 0.5 кг дневно се додека не се дојде до максимумот од околу 12-14 кг .

Советник во АПРЗ Петра Трајковски

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close