За 21 месец земјоделците од Удово, Јосифово и Пирава ќе добијат нов систем за наводнување

За 21 месец земјоделците од Удово, Јосифово и Пирава ќе добијат нов систем за наводнување

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, претставникот на ГИМ, Михо Јаневски, како и претставникот на АХТ груп АГ, Едуарт Плател, присуствуваа во Валандово на потпишувањето на договор за изведувач за Програмата за наводнување на јужно – вардарска долина, втора фаза. Договорот го потпишаа Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и претставникот на Штрабаг , Златан Ѓурѓиќ. Според договорот,предвидена е…

Повеќе...

За систем за наводнување на Дебарско поле ќе се инвестираат 12 милиони евра

За систем за наводнување на Дебарско поле ќе се инвестираат 12 милиони евра

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе гради нов систем за наводнување на Дебарско Поле, за што ќе бидат инвестирани 12 милиони евра. Оваа го најави државниот секретар во Министерството, Нефрус Челику, на средбата со дебарскиот градоначалник, Ружди Лата во Дебар. Тој додаде дека во согласност со проектот изградбата ќе биде во фази, а првата ќе стартува во септември годинава. Тој додаде дека станува збор за изградба на нов систем за наводнување, а ако има…

Повеќе...

Наводнување ,,капка по капка,,

Наводнување ,,капка по капка,,

Потребата за примена на современи системи за наводнување се зголемува не само заради пазарниот императив, туку и како мерка против климатските промени. Современите системи за наводнување нудат решенија кои ја намалуваат потрошувачката на вода, го намалуваат непожелниот вегетативен пораст, го зголемуваат квалитетот на производот и гарантираат константен квалитет. Системот за наводнување „капка по капка“ е најнапредна технологија во наводнувањето, најрационално ги искористува расположливите количини на вода и придонесува во зголемување на приносите. Наводнувањето „капка по…

Повеќе...

Позитивни ефекти од системот капка по капка

  Оризопроизводителот Јорданчо Лефков ги урна табуата и докажа дека оризот може да се произведува и на неконвенционален начин. Денес во кочанското село Чешиново започна да се жнее првото бело злато произведено со системот капка по капка. Првото опитно поле се очекува да даде одлични резултати. Високиот принос и заштедата на вода се само дел од предностите на овој систем. При крај е овогодинешната жетва на ориз во кочанскиот регион. Иако се очекуваше богата реколта,…

Повеќе...

Системот капка по капка поблиску до земјоделците

Системот капка по капка поблиску до земјоделците

Во светот одамна се користат разновидни извори за задоволување на потребите од вода, меѓу другото и системот капка по капка, кој се покажа како мошне ефикасен и во најсушните предели. Овој систем веќе се практикува и кај нас, а за негова поголема застапеност, деновиве се спроведува акција за запознавање на земјоделците со предностите што ги нуди овој начин на наводнување.

Повеќе...

Систем капка по капка за производство на ориз

Систем капка по капка за производство на ориз

Станува збор за Проект на УСАИД за експанзија на мали бизниси, во чии рамки ќе биде означен почетокот на новата иницијатива за рурален развој „Одржливо производство на ориз“, преку која оваа година експериментално е обезбеден систем за наводнување капка по капка за производство на ориз во Кочани.

Повеќе...

Системите за наводнување во Балванско поле ставени во функција

Системите за наводнување во Балванско поле ставени во функција

Системите за наводнување ставени во функција. Почна наводнителната сезона во Балванско поле. Водата пристигна на време, очекуваме добар род кај се што посадивме и посеавме, кај сите култури – велат земјоделците од селото Балван, кои години наназад се жалеа на проблемите со наводнувањето на нивите.

Повеќе...

Проширување на мрежата од системот за наводнување „Маркова брана“

Проширување на мрежата од системот за наводнување „Маркова брана“

Земјоделците од струмичко Куклиш бараат да се инвестира во проширување на каналската мрежа зад браната Маркова река. Системот за наводнување кој беше изграден минатата година деновиве беше ставен во функција за раноградинарите кои ја отпочнаа сезоната.

Повеќе...