fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Инфо денови за ИПАРД 2, општини во кои ќе биде караванот оваа недела

Со цел подобро информирање на граѓаните за поефикасно искористување на ИПАРД средствата, низ државата тековно се организираат инфо каравани од страна на МЗШВ и Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ.

Претставниците од надлежните служби на заинтересираните земјоделци ќе им ја презентираат Мерката 1 и ќе им дадат појаснувања кој се може да аплицира, колкава инвестиција  и кои трошоци може да се поддржат.

По неколку одржани инфо сесии караванот продолжува на следните места.
На 05.03.2020, во четврток, инфо караванот ќе биде во
• општина Кисела Вода од 9:30 часот – во Bocca Caffe (во комплексот позади Flatiron во Кисела Вода)
• општина Студеничани, во салата за совет на општината од 13.30 часот
Во петок на 06.03.2020 инфо караванот ќе биде во:
• општина Ново Село од 11 часот во салата за совет на општината,
• општина Босилово во Културно едукативниот центар од 15:00 часот.

За дополнителни информации и детали за инфо деновите за ИПАРД 2014-2020, сите заинтересирани лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и тоа: http://ipard.gov.mk/ , http://mzsv.gov.mk/ , http://ipardpa.gov.mk/ , http://agencija.gov.mk/ или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 И 047/228-370.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close