fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Јосиф од Кравари, произведува пченка, пченица и компир

На проблемите им нема крај, субвенциите не се исплатени, нема сигурен откуп за земјоделските производи, механизацијата му е целосно сопствена инвестиција без никаква помош од министерството и државата, објави Трипуновски

Цветан Трипуновски во посета на  Јосиф од Кравари, Битола, кој произведува пченка, пченица и компир.
Разговаравме за проблемите и предизвиците со кои се соочува изминатиот период. На проблемите им нема крај, субвенциите не се исплатени, нема сигурен откуп за земјоделските производи, механизацијата му е целосно сопствена инвестиција без никаква помош од министерството и државата, а нефункционалноста на АД Водостопанство е видлива и тука бидејќи каналите за одводнување не се исчистени, што е причина за доцнење на сеидбата, а чести се и поплавувањата во полето.
2016 година во Македонија под пченица биле некаде околу 80.000 ха, 2022 година површините паѓаат на 70.000 ха, што значи 10.000 ха помалку.
2016 година сме произвеле 306.000 тони пченица, а 2022 година некаде околу 224.000 тони пченица, што значи дека и површината се намалува и произведената пченица.
Ова се официјални податоци од извештаите на државниот завод за статистика и годишните извештаи на министерството.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close