fbpx
ВестиТоп вести

Технологија на одгледување на пченицата во органското производство

Тегнологијата на одгледување на пченица во органското прооизводство се заснова на неколку важни принципи кои треба да се почитуваат. Станува збор за редуциран систем на обработка на земјата, специфично ѓубрење и одржување на плодноста, интегрален пристап на заштита на растенијата и почитување на плодоредот. Воведувањето на плодоредот предвидува задолжително учество на легуминози, жетвени остатоци, зелено ѓубриво, механичка култивација, биолошка контрола на болести, штетници и плевел.

Со употребата на органски и природни минерални ѓубрива се одржува и подобрува плодноста на земјиштето. Но, во органското производство стањакот претставува предкултура. Пред пченицата се користи зелено ѓубриво, односно се заорува детелина, грашок и слично со цел земјиштето да се збогати со органски материи. После тоа може да се внесе стањакот. Во органското производство, широко распространета е и употребата на микробиолошки ѓубрива, кои содржат корисни микроорганизми. Тие вршат трансформација на азотот од воздухот и ја разложуваат органската материја во земјиштето, ослободувајќи фосфор и калиум.

Во домашни агроеколошки услови, посебно кога нема доволно влага во земјиштето, примената на тешки тањирачи е единствена можност за обработка. Ваквиот начин е прифатлив и во органското производство, но под еден услов : парцелите да не се заразени со повеќегодишен плевел. Длабочината на орањето ќе зависи од типот на земјиштето, неговата влажност и количината на жетвени остатоци и се движи од 15 до 25 см.

Предсеидбената подготовка треба да се направи веднаш после основната обработка, а орањето е примарно. Доколку земјиштето е повлажно од оптимално, предсеидбената подготовка следува за ден или два, со цел да не се наруши структурата на земјиштето. Оптималниот рок за сеидба на пченицата почнува на 1 октомври, а завршува на 25 ти. Сеидбата е квалитетна доколку има 80% посеано семе на длабочина од 4 до 5 см. Кога влагата е помала треба да се сее на околу 5 – 5,5 см.

За сузбивање на плевелот, најважно е превентивното делување и примената на механички мерки, додека биохербицидите се крајна мерка. За предизвикувачите на болести на стеблото, листот и класот, но и за болестите на семето се користат биолошки препарати на база на природни материи и микроорганизми, чие делување се заснова на антагонистички односи.

Во случај, кога се одгледуваат повеќе различни сорти, предност треба да им се даде на раните генотипови, со оглед на тоа што оптималниот рок на жетва на поединечни сорти е многу краток. Во органското производство на пченица, во пракса, жетвата се одвива кога влажноста на зрното е од 12 до 15%, а најголеми приноси се постигнуваат при крајот на зрелоста, кога влагата е од 20 до 24%.

 

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close