fbpx
ВестиТоп вести

Тетовска Луковица ги има сите предуслови за развој на руралниот туризам, ама пат дотаму нема

Тетовска Луковица е едно од најживописните села во западниот дел на земјата. Сместено е на падините на Сува Гора. На ова село природата и дала се. Вода, густа шума, идеална надморска височина, езеро, плодна почва.

Ова се идеални услови за развој на руралниот туризам. Тука има се, но дотаму нема соодветен пат за да се види оваа божја убавина.

Последните 6 километри до самото село, досега ниту централните ниту локалните власти не покажаа интерес да ги асфалтираат. Оваа делница за време на летниот период самоиницијативно од жителите се пополнува со песок, но после секој дожд се прават огромни дупки.Жителите од ова село повеќе пати се обратиле до Желино, општина под која припаѓа ова село, но досега на терен нема никакви конкретни активности.  

Минатите локални власти велеа дека во општината имало поприоритетни работи од патот до Луковица, затоа што селото броело многу малку жители, а според нив требало да се инвестира во места каде има повеќе население.

Сегашниот градоначалник пак Блерим Сејдиу не го дели ова мислење. На став е дека секаде треба да се инвестира подеднакво, без разлика дали некое населено место брои 10 или 1000 жители. Тој рече дека општината е сиромашна и за изградба на патот веќе се подготвува проект, кој ќе биде поднесен до владата ,од која ќе бара финансиска помош за асфалтирање на оваа делница.  

Се надева дека владата ќе го прифати барањето, затоа што Луковица е единственото село од Општина Желино до каде нема асфалтиран пат.

Во меѓувреме владата не дала никаков одговор на општинските власти, дали ќе одвојат пари за асфалтирање на патот до Луковица.

Во Луковица има околу четриесет постојани жители. Но во овој период од годината во селото врие како во кошница

Голем број од граѓаните од тетовско, скопско, па и пошироко избегаа од градската врева и топлото време, спокој и мир наоѓаат во ова село. Дел од нив се сместени кај нивни роднини и пријатели, некои пак преспиваа во конаците на црквата Свети Илија.

Луковица како магнет ги привлекува посетителите во овој период од годината кога се празнува селската слава свети Илија

-Тука сум за прв пат преубаво е мислам дека ова е најубавиот предел во овој  регион. Годинава дојдов, но сега мислам дека ќе доаѓам секое лето. Да побегнеме малку од градската врева, смог и топлото време. Тука има дебели сенки, чист воздух, убаво зеленило, се што е потребно за човек да се одмори, вели една жителка од Скопје, која за прв доаѓа во Луковица.

Од Црковниот одбoр на селото велат дека во рамки на нивните можности преземаат чекори селото да живее, но без помош од државата и општината тешко оди.

-Кога ги направивме конаците доаѓаа луѓе од тетовско и пошироко за празникот Свети Илија. Така да секоја година е се помасовно и помасовно за време на овој празник. Тука прекрасно е, се гледа и езерото  Козјак има три цркви и преубаво е, рече Ацо Спасеновски пртседател на црковен одбор на село Луковица.

Патот единствената пречка селото да живее преку цела година.

Посетителите велат дека можеби би доаѓале и секој викенд или секој месец во селотодел од нив изјавија дека би изградиле и викендичка. Но патот до ова село кој е неасфалтиран преполн со дупки и нерамнини ги демотивира да ја посетуваат Луковица почесто.

Во селото има тројца сточари кои се одлучиле да се занимаваат со оваа дејнот. Велат дека без добра патна инфраструктура е многу тешко да ги продадат своите производи, а со тоа да го прошират бизнисот да вработат повеќе луѓе, и на крај да се зголеми бројот на жители во ова село.

-Па продажбата на млеко едвај оди, иако козјото млеко па и сирење е барано на пазарот, но дотаму не можам да стигнам поради лошиот пат. Ако се нафати некоја млекара да дојде до Луковица по лошиот пат ќе го продадам млекото, ако не никому ништо. Па и јас некогаш морам да одам до млекарите по градовите и да го продавам млекото. Но многу време тоа ми одзема, додека да стигнам до градот по овој катастрофален пат, ми поминува цел ден. Многу е лошо. Кога би имало нормален пат, тогаш би имал продажба, па и би ги зголемил грлата на кози, и потоа нормално би вработил луѓе, тие кои се останати тука  да живеат, па ако сака и некој од страна. Само така може да са запре миграцијата на ова село, изјави Ќирко Милошевски од село Луковица

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close