Вино

„Тиквеш” го организираше Фестивалот на младо вино

 

tikvesh go organizirashe festivalot na mlado vino

Винарската визба „Тиквеш”, традиционално, седми пат по ред, го организираше Фестивалот на младо вино, кога се отвораат првите буриња од годинешната берба. На настанот присуствуваа многубројни љубители на вината на „Тиквеш”, вински познавачи, сомелиери, познати личности од бизнис-светот и од уметноста.

Фестивалот придонесува за креирање на домашната традиција за процена на квалитетот на виното од тековната берба, за развојот на винската култура и за унапредување на репутацијата и стандардите во домашната винска индустрија и на македонското врвно вино како автентичен бренд, велат во Тиквеш.

Од таму посочуваат дека според првичните импресии од познавачите на вино и посетителите на Фестивал, вината од оваа берба имаат значаен потенцијал за пласман на домашниот, но и на најпребирливите странски пазари, каде што владее исклучително остра конкуренција.

„И покрај тоа што се работи за млади вина, квалитетот што го поседуваат е гаранција дека и во наредниот период ќе добиваме убави вести за освоени високи оценки, медали и признанија”, велат од компанијата.

Тагови

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Back to top button
Close