fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Објавени два јавни повика за субвенционирање на домашните компании

Вкупно 50 милиони денари се предвидени за субвенционирање на микро и мали претпријатија или околу 800 илјади евра и шест милиони денари за поддршка на занаетчиите или околу 100 илјади евра, рече министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција.

Министерството за економија објави два јавни повика за поддршка на домашните компании наменети за субвенционирање на микро и мали претпријатија и за субвенционирање на занаетчии, кои ќе траат заклучно со 6 мај годинава.

-Поддршката од страна на Министерството за економија која што е предвидена за домашните компании преку овие два јавни повици е вкупно 56 милиони денари или речиси еден милион евра. При што вкупно 50 милиони денари се предвидени за субвенционирање на микро и мали претпријатија или околу 800 илјади евра и шест милиони денари за поддршка на занаетчиите или околу 100 илјади евра, рече министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција.

Како што нагласи, услов за добивање на средства од јавниот повик за субвенционирање на микро и мали претпријатија е да вработуваат најмалку три лица, односно најмалку две лица доколку апликантот е претпријатие во сопственост или управувано од жена, а ќе се кофинансираат 30 отсто од докажаните трошоци направени за набавка на машини потребни за производствениот процес, но не повеќе од 200.000 денари по барател.

-Согласно Јавниот повик за субвенционирање на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност, ќе бидат кофинансирани 40 отсто од докажаните трошоци направени за набавка на машини и алати наменети за работа, кои се направени во текот на 2021 и 2022 година, но не повеќе од 100.000 денари по барател, посочи Бектеши

Согласно условите, појасни, и за двата јавни повика субвенционирани ќе бидат докажаните трошоци на компаниите за набавка на машини настанати во 2021 и 2022 година за компаниите кои ги исполнуваат следите услови: да се компании со мнозински домашен капитал, не добиле државна помош претходно или годинава, во претходните три години не биле субвенционирани преку јавните повици од програмата за Конкурентност, иновации и претприемништво (КИП) на Министерството за економија, да се основани најмалку една година пред објавување на јавниот повик, да не работеле со загуба во 2021 година, ги имаат подмирано сите обврски кон државата, да не е покрената стечајна постапка за нив и да се од дејноста –Преработувачка индустрија.

-Средствата кои се на располагање на двата јавни повици ќе се распределат кај сите апликатни кои што ги исполнуваат условите по принципот „рамномерен регионален развој“. Тоа значи дека апликантите покрај износот за кофинансирање утврден во јавниот повик ќе добијат и дополнителна финансиска поддршка во зависност од планскиот регион од каде е седиштето на апликантот, која ќе се пресметува врз основа на процентуалната разлика помеѓу планскиот регион со највисока вредност на БДП по глава на жител, кој е регионот на Скопје и вредноста на БДП по глава на жител на планскиот регион во кој е седиштето на барателот на финансиска поддршка, потенцира Бектеши.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close