fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

„Тргопродукт“ на Заеви доби 1,4 милиони евра неповратен грант од ИПАРД-програмата, објави Фактор.мк

Компанијата од струмичко Дабиље, која се занимава со откуп на овошје и зелечук и го поседува брендот Мама'с, на 21 април добила исплата од 86.608.249 денари. Оваа сума следува како учество во инвестициски проект и е втора најголема дадена како грант во историјата на земјоделскиот фонд откако се работи со ИПАРД-програми.

„Тргопродукт“, најпознатата компанија во сопственост на членовите на фамилијата на поранешниот премиер Зоран Заев, доби неповратен грант од 1,4 милиони  евра од ИПАРД-програмата преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, објави Фактор.мк.

Компанијата од струмичко Дабиље, која се занимава со откуп на овошје и зелечук и го поседува брендот Мама’с, на 21 април добила исплата од 86.608.249 денари. Оваа сума следува како учество во инвестициски проект и е втора најголема дадена како грант во историјата на земјоделскиот фонд откако се работи со ИПАРД-програми.

– Финансиската поддршка за корисникот ДПОЗ Тргопродукт ДООЕЛ изнесува 86.608.249 денари за набавка на опрема за прием, обработка и преработка на земјоделски производи и опрема за полнење, затворање, пастеризација, пакување и етикетирање на производи, односно 75% ЕУ учество во износ од 64.956.187 денари и 25% национално учество во износ од 21.652.062 денари, се вели во објаснувањето на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Годишно агенцијата доделувa околу 500-тини грантови за инвестиции реализирани од правни и физички лица. Во оваа сума ЕУ има учество од 75 отсто, а со 25 проценти учествува државата. Пет години од исплатата е рокот по кој сопственикот не смее да ја продаде инвестицијата.

 

Парите се добиваат за инвестиции како од типот: систем капка по капка, модернизација и реконструкција на фарми, преработка на производи, алтернативно земјоделско производство, пчеларство, но и изградба на хотели во рурални средини и области вон град. Најмалку половина од вложените средства се исплаќаат назад, а најмногу тие можат да бидат 65 отсто.

Годишно има и до 90.000 апликанти. Агенцијата за поддршка на земјоделство и рурален развој парите ги исплаќа откако ќе заврши инвестицијата, со која не смее да се започне пред да биде постигнат договорот. Повеќе на https://faktor.mk/trgoprodukt-na-zaevi-dobi-14-milioni-evra-nepovraten-grant-od-zemjodelskata-agencija

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close