fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Трипуновски-Се очекува да имаме жетва на околу 235 илјади тони пченица

Ќе работиме напорно целосно да се задоволи домашната потреба на пченица и да не бидеме увозно зависни- нагласи по средбата со пелагониските земјоделци, министерот за земјоделие Цветан Трипуновски.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска оствари средба со земјоделци во општина Новаци за откупната цена на пченицата.

-Се очекува да имаме жетва на околу 235 илјади тони пченица. Тоа значи намалување во споредба со порано, и ќе работиме напорно целосно да се задоволи домашната потреба на пченица и да не бидеме увозно зависни- нагласи по средбата со пелагониските земјоделци, министерот за земјоделие Цветан Трипуновски.

На состанокот се разговараше за почетокот и текот на откупот на лебното жито, за сите ситуации и проблеми кои се појавуваат при секој откуп, за годинешната реколта на пченица, откупата цена и сл. Како што кажа министерот Трипуновски, целта на денешната средба е да го слушне мислењето на земјоделците, да ја види ситуацијата на терен, а деновиве се закажани бројни состаноци токму на оваа тема со земјоделски здруженија од земјата и регионот, како и со откупните центри за да може да се извлече денар плус во корист на земјоделците, кои изминатите години претрпеа огромни штети од лошите политики. Министерот потенцираше дека наследена е една катастрофална состојба во земјоделието но како министер ветува дека ќе направи се за да го подобри, и на тој начин земјоделците да се почувствуваат дека некој се грижи за нив и за нивниот макотрпен труд и производство.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close