fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Тутунарите во грч-Дали дадоа субвенции, дали некој зеде?

Во целата неизвесност тутунарите наоѓаат време и да се пошегуваат на своја сметка, но се почести се нивните најави за протести доколку субвенциите не се исплатат според ветеното.  

Тутунарите се во грч и пред големо исчекување, дали оваа недела ќе им бидат исплатени субвенците за реколтата 2020-2021. По најавите на пратеникот Миле Талески од 20 мај годинава,  дека следната недела ќе почне исплатата на субвенците за тутунот и дека се отсранети пречките за исплата, тутунопроизводителите се во исчекување кога ќе почне исплатата на субвенциите. Во недостиг на официјални информации од МЗШВ или Платежната агенција кој ден ќе почне исплатата, на производителите им останува само да нагаѓаат дали парите ќе легнат на нивните сметки до петок или пак не. За неизвесноста и можниот датум за почеток на исплатата пишуваат на ФБ страница Македонски тутунари. Според сознанија на дел од тутунарите исплатат ќе почне во петок и ќе се одвива етапано.

Во целата неизвесност тутунарите наоѓаат време и да се пошегуваат на своја сметка, па велат ако власта планира да ги исплати во петок најдобро да ги одложи зошто во петок се пости. Но, се почести се нивните најави за протести доколку субвенциите не се исплатат според ветеното.

И медиумите засега немаат одговори кога ќе почне исплатата на субвенциите за тутунарите.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close