fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Србија увезла двојно повеќе млеко во прав

Агроекономистот Милан Простран посочува дека зголемениот увоз на млеко во прав најверојатно е за стоковните резерви, како и што беше најавено.

Лани во Србија биле увезени 3.249 тони млеко во прав, додека за осум месеци од годинава, количеството на увезено млеко во прав е повеќе од двојно зголемено – на 7.077 тони. За тоа е платена тројна сума, вкупно 27,9 милиони евра.

Агроекономистот Милан Простран посочува дека зголемениот увоз на млеко во прав најверојатно е за стоковните резерви, како и што беше најавено. Сања Бугарски, претседател на Сојузот на здруженија на сточари, посочува дека сегашната состојба е, како што вели, „почеток на дефинитивен дефект и колапс во производството на млеко“.

Производителите нема да издржат следната година, бидејќи нема да имаат со што да ги хранат животните, а нема да има ниту млеко“, изјави таа за Н1.

Агроекономистот Простран за порталот N1 потсетува дека во наредните месеци ќе се зголеми увозот на сурово млеко. Според одлуката во наредните денови и месеци ќе се увезе поголемо количество млеко од Полска бидејќи Србија нема доволно молзни крави и доволно сурово млеко.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close