УЈП: Организаторите на зелени пазари до 15-ти јануари да поднесат извештај за корисниците на тезги за 2018 година

(Oвој напис е објавен на: January 15, 2018)

ujp

Управата за јавни приходи  ги информира организаторите на зелени пазари дека имаат обврска да поднесат Извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари, односно Извештај за тековна состојба образец  преку системот e-pdp.ujp.gov.mk  најдоцна до крајот на година којашто претходи на годината за која Управата за јавни приходи треба да изврши утврдување на данокот.

По исклучок, Извештајот за корисниците на продажните места на зелените пазари врз основа на којшто треба да се изврши пресметување на данокот за 2018 година, имаат обврска да го достават до Управата за јавни приходи најдоцна до 15-ти јануари 2018 година.


 

bi.mk/ujp