вестиТоп вести

Украсна зелка за спектакуларна зимска градина

Ништо не може повеќе да ја разубави зимската бавча од украсната зелка, или како уште ја нарекуваат украсен кељ. Исклучително добро ја поднесуваат зимата, а скриени помеѓу останатиот есенски зеленчук и цвеќе, градината можат да ја претворат во спектакуларно визуелно дожувување. Освен што имаат атрактивен изглед, може и да се конзумираат. Дознајте како можете успешно да ги одгледувате.

Благодарение на крупните розети и прекрасните различни бои како што се крем, розева, виолетова и бордо, украсната зелка и укрсниот кељ можат од обична градина да направат вистински спектакл.

Како што се намалуваат температурите, нивните бои стануваат посилни, а посебно под 10 степени и тоа е она што ги издвојува од другите растенија. Украсната зелка може да опстане до – 15 степени и со својата убавина ќе го разубавува дворот или градината се додека зимата не стане премногу јака.

Многу луѓе украсната зелка и украсниот кељ ги мешаат. Технички припаѓаат на иста фамилија, а единствената разлика е што украсниот кељ има цврсти и извиткани лисја по рабовите, додека украсната зелка има широки, рамни листови, обрабени со светли контрасни бои. Но, поради својата сличност и затоа што бараат исти услови за одгледување, не е чудно тоа што луѓето ги мешаат.

Украсната зелка (како и украсниот кељ), може да се посадат поединечно, помеѓу помалку атрактивните растенија во леите, а одлично изгледаат во градината како ивици или во дворот покрај стазите. Бидете сигурни дека тој дел ќе им привлече најголемо внимание на домашните, соседите и минувачите.

Покрај ниските видови, постојат и видови кои имаат долга дршка, така што може да се отсечат и да се чуваат во вазна.

Садење и нега

Украсната зелка се одгледува од семе и треба да се посади на средината на летото, за да биде спремна за есенското садење. За ртење на семето потребно му е светло, а тоа значи да не се покрива со земја, туку само малку да се притисне во земјата. Температурата треба да е помеѓу 18 и 20 степени, а растенијата би требало да се појават за 4 до 6 дена.

Ако сте ги посадиле во саксија и сакате да ги пресадите во градината, расадот се пресадува, кога растението ќе развие 4-6 постојани листови. Најдобро е да се посадат на оддалеченост од 50 -60 см, колку што растат обично во обем.

Лесна, но поскапа опција е да набавите веќе готови главици од расадник.

Украсната зелка, како и украсниот кељ, сакаат сончева локација, а им одговара влажна и добро дренирана земја. Се прихрануваат секоја трета недела со NPK ѓубриво во сооднос 10:10:10. Поради тоа што сакаат доста влага, се препорачува да се стави малч околу нив, кој ќе ја задржи влажноста во земјиштето.

Украсната зелка, како и украсниот кељ се доста отпорни растенија. Склони се кон исти штетници и болести, како и зелката и кељот кои се одгледуваат во градината, но многу помалку имајќи го предвид годишното време. Ако забележите вакво нешто, потребно е да ги лекувате со соодветни средства, односно со истите со кои ги лечите обичните зелки и кељ.

Кога ќе достигнат висина околу 15 см, се препорачува да се отрстранат најниските листови, со што ќе се поттикне растот на централното стебло, а се намалува ризикот од појава на гливични заболувања.

Иако се јаде, украсната зелка има горчлив вкус, така што најчесто се користи како декор за храна на чинии. Може да се конзумира со двојно варење за да се намали горчливоста или со додаток од маслиново масло.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close