fbpx
ВестиМакедонија

Утре почнува вакцинацијата против Ковид-19

Голем дел од граѓаните се заинтересирани за вакцинирање против Ковид-19, покажува веб-страницата „Vakcinacija.mk“.

Вакцинацијата против Ковид-19 во земјава почнува утре, и тоа најпрвин со вакцинирање на здравствените работници од Инфективната клиника во Скопје. Надлежните потврдија дека подготовките за масовното вакцинирање се во тек, а до крајот на месецов се очекува да пристигнат и кинеските вакцини.

Вакцинацијата ќе почне во среда во 10 часот, во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Министерството за здравство соопшти дека пунктот во модуларната болница каде има шест вакцинални позиции ќе работи во две смени од 8 до 20 часот, а вакцинацијата ќе ја спроведуваат медицински тимови од Здравствениот дом Скопје. Според утврдениот план, термините за вакцинирање ќе бидат на 10 минути.

Голем дел од граѓаните се заинтересирани за вакцинирање против Ковид-19, покажува веб-страницата „Vakcinacija.mk“.

Заклучно со вчерашниот ден, на оваа страница за вакцинирање се пријавија вкупно 46.023 граѓани. Преку матичните лекари пријавени се 13.511 лица.

Веб страницата беше пуштена минатата недела, а на неа може да се пријави секој граѓанин со тоа што системот ќе биде тој кој ќе генерира кои граѓани ќе бидат приоритетни. Освен на овој начин, пријавувањето за вакцинирање може да се врши и преку матичните лекари преку системот „Мој термин“.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close