Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Утрото ведро и студено, преку ден сончево
Следува период на стабилно време
Утрото ќе биде ведро и студено. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. 
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Следува период на стабилно време. Во текот денот ќе биде сончево и релативно топло, а во текот на ноќта ведро и тивко. Утрата ќе бидат ведри и студени со ниски температури кои наместа ќе се спуштат под нула степени. 




