вестиВиноТоп вести

Во месец ноември 300 луѓе го посетиле Винскиот музеј во Кавадарци

Триста луѓе го посетиле Винскиот музеј Кавадарци во ноември, информираа денеска од оваа нова регионална културна институција.

 

– Благодарни сме за интересот на оние кои дојдоа и во услови на пандемија од вирусот Ковид-19. Се работи за посетители од Кавадарци, но и од други места. Посетите се реализираат со строго почитување на превентивните мерки за заштита од коронавирус, посочија од Винскиот музеј, нагласувајќи дека и понатаму остануваат на располагање на сите што сакаат да ја почувствуваат винската традиција и култура.

Оттаму најавија и низа други интересни културни содржини и во иднина. Содржини кои во себе ја содржат историјата на винопроизводството во Тиквешко, како најголем лозаровинарски регион во државата.

Слични написи

Back to top button
Close