fbpx
ВестиРурална ЖенаТоп вести

Во Могила презентирани австриски искуства за развој на руралните средини

Предизвиците за развој на руралните средини се големи. Можности има, но е потребно да се препознаат и понатаму да се рaзвиваат

Могила- Австриски искуства за предизвиците и можностите во руралните средини беа презентирани на трибината што се одржа во Општина Могила. Идентификување на проблеми и препреки како и препознавање на можностите, за ресурсите и предизвиците  во оваа општина беше темата говореа претставници од Австриското аташе за социјала труд и здравство.

На трибината  покрај претставници од канцеларијата на МЗШВ во Битола и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството присуствуваа и жени од скоро сите населени места во општина Могила.

-Овој настан е добредојден за руралните жени бидејќи се овозможува подигнување на свеста на жените од руралните средини и добро е да се организираат што е можно почесто. Самиот факт што се организираат вакви трибини значи дека  за жената има можности, само таа треба да научи да ги препознава,  изјави за Зелена берза Маја Здравевска.

Токму и заради тоа е организирањето на една ваква трибина, за преку добри практики не само жените туку и целокупното население во оваа општина да ги препознаат можностите и да го обликуваат руралниот развој во општината  според  нивните потреби, а во согласност на  политиките  на ЕУ, развој што се однесува на подобрување на демографијата, вработувањето, миграцијата, социјални мрежи и социјален капитал.

-Според нашите статистики во различни региони различни се можностите и перспективите на руралната жена. Изедначувањето на можностите зависи од демократизирањето  во општеството кое во моментот се случува. Недостигаат основни работи како пристап до информации, примена на родовиот принцип во однос на вработување, социо економска заштита итн. За разлика од оној период кога жените немале можност да го завршат основното образование денес имаме друга ситуација каде жените се надградуваат себеси, се образуваат и ги користат сите оние можности што ги дава државата, локалната самоуправа и општеството, изјави  за Зелена берза градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска.

Присутните на денешната трибина имаа можност да слушнат искуства  за можностите што ги имаат жените  во руралните средини во Австрија. Како што вели Гулевска искуствата треба и може да се искористат единствено ако има организации кои општината би ги поддржала. Во моментов со свои проекти во рамките на општината реализира свои проекти на овој план Локалната акциона група Агро Лидер од Кривогаштани.

-Еден од поголемите чекори на оваа локална самоуправа ќе биде отворањето на канцеларија на Министерството за труд и социјална политика , а покрај останатите планови ќе се обрне внимание на неформалното образование на жените, посочи градоначалничката Гулевска.

П.Јовановска

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close