
Агро бизнисВестиТоп вести
АКТУЕЛНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ-Денес ќе се задржи многу топло време. Во попладневните и вечерните часови нестабилно
Температури до 40 степени се најавени во Ѓевгелија, Велес, Демир Капија
АКТУЕЛНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА УТРЕ (27.06.2025): Утре ќе се задржи многу топло време. Во попладневните и вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Утре ќе се задржи многу топло време. Во попладневните и вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за 5-7 степени во споредба со денешните. Од понеделник дневните температури повторно ќе бидат во постепен пораст.