fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Времето денес сончево со температури над 20 степени

Времето денеска ќе биде сончево и позначително топло, најавуваат метеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи

Од Управата за хидрометеоролошки работи за денес најавуваат сончево и топло време. Наместа ќе дува

слаб северен ветер. Дневните температури ќе се движат во интервал од 16 до 23 степени целзиусови

Во следните два дена времето ќе биде сончево и значително потопло што ќе услови

нагло топење на снежната покривка на планините. Во сабота облачноста ќе се зголеми, а

попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Во недела врнежите ќе бидат пообилни

и поради заладување на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. За време на

викендот ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close