вести

За отстранување на последиците од поплавите во Новаци влегуваат 550.000 евра

Новаци привршува со отстранувањето на последиците од катастрофалните поплави што ова село го зафатија пред една година. Со средства од Владата и Општината, како  и со поддрша од УНДП, вкупно влегуваат над 550.000 евра. Триста и дваесет земјоделци од Владата веќе добија 110. 000 евра, а до вчера сите 70 семејства на ова пелагониско село што имаа оштетени куќи и други помошни објекти, добија уште 45.000 евра, на име проценета штета.

za otstranuvanje na posledicite od poplavite vo novaci vleguvaat 550 000 evra

– 320 земјоделци веќе се исплатени, каде што беа поплавени 450 ха, индивидуалните семејни објекти веќе се исплатени за три дена со парите што беа стигнати во Општината Новаци и префрлени на трасакциските сметки на населението – рече новачкиот градоначалник Лазо Котевски.
Новачани, денеска не го криеја своето задоволство.
– Тоа што требаше си средивме со давачките од Општината, а обештетени сме и за посевите. Фала им многу – рече Цветан Јанкуловски, сопственик на првата куќа што беше на удар на поплавите.
– Еве, се вративме во живот и фамилијата ми е прибрана тука, тука повторно си живееме. Што да ви речам, благодарен сум им на сите – рече Станко Мицевски, сопственик на најпоплавената куќа во Новаци.
– Средствата се добродојдени за извршување на пролетната сеидба. Но, коритото на реката Црна, еднаш за секогаш да биде исчистено и да продолжиме понатаму да работиме и да останиме тука – рече Вељо Тантаров, земјоделец од Новаци и претседател на Сојузот на земјоделците.
Сега, привршува изработката на проектот за санирање на патната инфраструктура во Општината, која беше оштетена од тешката механизација при интервенцијата за време на поплавите. За таа намена, УНДП и Општината обезбедија 400.000 евра, а градежните активности ќе започнат во наредниот месец.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close