fbpx
Вести

Јапонците ја отвораат првата целосно роботизирана фарма

Јапонска компанија следната 2017 година ќе го отвори првото целосно автоматизирано земјоделско стопанство, во коешто роботите ќе управуваат речиси со секоја фаза од производството, од залевањето на семињата до собирањето на плодовите.
 japoncite ja otvaraat prvata celosno robotizirana farma

Компанијата „Spread“ од Кјото објави дена нејзиниот целосно роботизиран стакленик ќе биде оперативен од средината на следната година и дека ќе произведува 30.000 стракови салата дневно. Во компанијата се надеваат дека за пет години производството ќе го подигне на половина милиони стракови дневно.

„Луѓето сепак ќе го засадат семето, но сето останато, вклучително и бербата ќе ја работат индустриските роботи“, вели челникот на компанијата, Коџи Морисада. Според него, користењето на роботите ќе ги намали трошоците за работната сила за половина, а трошоците за енергија за третина.

Во земјата, којашто и онака е опседната со роботиката, јапонските работодавачи сé почесто се свртуваат кон автоматизираната работа за да го надоместат недостигот од работна сили, што во иднината ќе биде уште поизразен поради рапидното стареење на населението. Минатата 2015 година, бројот на стогодишниците во Јапонија првпат надмина 60.000 лица.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close