fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Заради политичките превирања тутунарите стравуваат од несигурен и проблематичен откуп

Инспекторатот за земјоделие и поверениците на ваги да не дозволат манипулација со откупот на тутунот. 

Пред почетокот на откупот на тутунот тутунарите стравуваат од несигурен и проблематичен откуп. Во дописот на новоформираните тутунарски здруженија се упатува апел до Инспекторатот за земјоделие и поверениците на ваги да не дозволат манипулација со откупот на тутунот.

-На само неколку дена од почетокот на предвремениот откупот на тутунот, остануваме без министер за земјоделие. Дали ова отвара можност да имаме несигурен и проблематичен откуп? Имајќи ги во предвид сите настани кои ни предходеа со измените во Правилникот и самите измени кои имаат само козметичка цел, а ништо битно и значајно за нас, предупредуваме, а воедно и апелираме до Инспекторатот за земјоделие да биде постојано присутен на терен. Најголем апел упатуваме до поверениците на вага да си ја вршат работата за која се платени од наша страна со што нема да дозволат манипулација со проценката на тутунот од страна на откупните претпријатија.

Имаме реколта со висок квалитет и не смее да се дозволи тутунарите повторно да бидат ограбени. Ние будно ќе го следиме откупот и очекуваме реколта со просек не понизок од 220 денари за килограм на ниво на држава. Во случај ситуацијата на терен да се преслика со сценариото од ланската реколта нашите здруженија ќе преземат низа активности кои ни стојат на располагање, вклучувајќи тука и протести.

Исто така важно е да се напомене дека се уште не сме го добиле 5ти ковид пакет од ланската реколта кој беше изгласан во месец април, а исплатата се пролонгира за по завршувањето на локалните избори. Бараме исплата веднаш во најкус можен рок. Повикуваме на будност на сите чинители и одговорност во овој процес зошто малку треба да се прелее чашата на незадоволство по улиците. Овој пат ќе биде или нашата сиромаштија и опстанок или вашата алчност и суровост, стои во реакцијата  новите тутунски здруженија чии координатор е Игор Мирчески.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close