Заштита на зеленчукот и цвеќињата од изгореници со помош на мрежи за засенување

Мрежите кои овозможуваат сенка се одлична помош, така што, зависно од културата која сакаме да ја заштитиме, ќе и овозможат доволно сенка, но и воздух, со што ќе се создадат услови растението непречено да расте.

Почетокот на август донесе високи температтури, вообичаени за овој период од годината. Силните сончеви зраци и високите температури, лесно можат да го уништат целиот вложен труд, независно дали се работи за зеленчук, овошје или цвеќиња. Така, при температури повисоки од 32°С на лисјата и плодовите, доколку се цело време изложени на сончева светлина, настануваат изгореници. Таквите дамки, го намалуваат квалитетот на плодот, но создаваат и услови за појава и развој на болести и штетници.

Треба да се напомене и дека над 32°С, растот на растенијата се забавува, а со обезбедувањето на сенка, температурата може да се намали и за 12 °С.

Благотворното делување на мрежите за засенување

Мрежите за засенување во овој случај се одлична помош. Зависно од културите кои сакаме да ги заштитиме, ќе дадат доволно сенка, но и воздух, со што растенијата непречено ќе растат.

Со помош на мрежата, кај растенијата:

  • Цветањето ќе биде подолго и поквалитетно
  • Плодоносечкиот период ќе биде подолг,
  • Ќе се избегнат изгорениците на плодовите и растенијата
  • Се поттикнува разгранувањето
  • Се намалува потрошувачката на вода за наводнување
  • Плодовите ќе задржат повеќе витамини

Различна густина на мрежите според потреби на растенијата

На пазарот постојат мрежи со различна густина кои даваат сенка од 30% до 80%. Мрежите кои овозможуваат сенка од 30%, соодветни се за обезбедување сенка на зеленчукот, како доматите, пиперките, краставицата, тиквичката, затоа што овој зеленчук, всушност сака сонце и топлина. Оваа густина е добра и за зачинските растенија, како и за повеќе цвеќиња кои се одгледуваат кај нас.

За културите, кои сакаат поладна клима, како што се: спанаќот, брокулата и зелената салата, но и украсните растенија кои сакаат ниски температури, користете мрежа која овозможува сенка од 50% до 60%, па дури и до 80%. Со неа, исто така, може да се засенат и пластениците.

Бојата на мрежите на пазарот, најчесто е зелена, но еднаков ефект има и онаа во други бои, како што е бела, црна, жолта, сина или сива.

Оставете простор за движење на воздухот

При поставувањето на мрежата. Внимавајте да оставите 1 до 1,5 м, дури и повеќе простор над растенијата, како би можел воздухот непречено да струи. Исто така, земете го предвид и движењето на сонцето, а врз основа на тоа, растенијата во лежиштето (леи, редови), по рабовите заштитете ги, од страните, На тие места, мрежата поставете ја под кос агол, на околу 45 степени.

Освен мрежите, на зеленчукот и цвеќињата, сенка можат да им овозможат и растенијата, како сончогледот или пченката.

Од сушење на земјата, на растенијата ќе ги заштитите со помош на малчирање.

Во секој случај, во периоди на високи температури, помогнете им на вашите растенија, така што подолго време би ве дарувале со плодови.

 

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Share Button