вестиМакедонијаТоп вести

До утре да се искористат ланските картички за зелена нафта

Оттаму информираат дека веќе ја завршиле тендерската постапка и во рок не подолг од 60 дена компанијата која е избрана ќе треба да ги испечати и картичките да ги достави до АФПЗРР, по што истите ќе бидат дистрибуирани до земјоделците.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги известува сите корисници на мерката „зелена нафта“ дека рокот на минатогодишните картички за точење на „еуро дизел“  гориво за земјоделска механизација истекува на 30 април 2020 година.

– Апелираме до сите земјоделци, доколку имаат уште средства за точење на  гориво за земјоделската механизација, истите да ги искористат, затоа што по 30- ти април, картичките ќе бидат блокирани – потенцираат од Агенцијата.


 

plusinfo.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close