fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Зголемувањето на минималната плата нема да влијае негативно врз приватниот сектор, смета премиерот

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека стопанството без проблеми ќе може да го вклучи во своите ценовни и трошочни калкулации зголемувањето на минималната плата кое е најавено за март годинава.

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека стопанството без проблеми ќе може да го вклучи во своите ценовни и трошочни калкулации зголемувањето на минималната плата кое е најавено за март годинава.

Според Ковачевски, и кога се зголемуваше минималната плата на 18 проценти, стопанските комори немаа никаква забелешка со оглед дека просечното ниво на плати во приватниот сектор, како што објасни, е повиско од она на минималната плата.

-Кога се правеше Законот за минимална плата се воведе модел во кој се вклучува и порастот на трошоците, но и на продуктивноста. Сметам дека повторно нема да има никакво негативно влијание врз приватниот сектор. Нормално, тоа усогласусвање ќе следи и во другите сектори, а ќе влијае и на зголемувањето на просечната плата. Јас бев убеден дека просечната плата ќе биде над 500 евра во 2022 година и тоа се случи. Сметам дека стопанството без проблеми ќе може да го вклучи во своите ценовни и трошочни калкулации и зголемувањето на минималната плата, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на РЕК Битола.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close