fbpx
Вести

Земјоделците без откупна цена за пченицата

На стартот на жетвата, откупната цена на пченицата останува енигма за земјоделците.

Тоа ги става во незавидна положба, а некој од откупувачите се обидуваат да наметнат цена од 8 денари, што ни од далеку не ги задоволува потребите на производителите.

Од друга страна, поради врнежите во нивите никнала трева, па ожнеата пченица не може да се чува по амбарите, зашто ќе се расипе и ќе и се намали квалитетот.

-Ние очекувавме овие денови, како што ветија од министерството, да се даде една препорачана цена, по која би се ориентирале земјоделците, меѓутоа до дене денска се уште ја нема таа препорачана цена и затоа земјоделците не знаат што да прават- изјави Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијација на земјоделци на Р.М.

Доколку имаше препорачана цена, инспекциите ќе можеа да излезат на терен и да проверат дали млинарите ја почитуваат одлуката на министерството и дали на сите откупни места има истакнато по која цена треба да се откупува пченицата. Секако, постоела можност од злоупотреба од стана на диви откупувачи, но сепак 80 до 90 % од годинашната реколта би се откупила и наплатила по реална цена.

-Тоа им оди во прилог, ја би рекол, шверцери, не вистински трговци, кои ќе го искориста овој момент, ќе ги уценуваат земјоделците и ќе им ја земат, нема да ја купат, тоа е практично земање, зашто ќе понудат многу ниска цена и нормално земјоделците ќе имаат големи загуби-изјави Шаклев.

Шаклев додаде дека не сме богата земја за да можеме да го оставиме лебното жито на нивите не ожнеано, но во најбрз можен рок бара интервенција од ресорното министерство за да се реши овој горлив проблем.


 

сител

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close