fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Почна кампањата за претседателските избори

Седум кандидати ќе бидат на гласачкото ливче. 

Официјално почна изборната кампања за претстојните претседателски избори кои ќе се одржат на 24 април. Седум кандидати ќе бидат на гласачкото ливче.

Под реден број 1 ќе биде кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, на второт место е Гордана Сиљановска Давкова, кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска, кандидатката на Левица е на редното место број 3, на четвртото е Арбен Таравари од коалицијата Вреди, Бујар Османи од коалицијата Европски фронт на ДУИ на пето место, Стевчо Јакимовски од ГРОМ е на шесто и Максим Димитриевски од ЗНАМ – За наша Македонија е на седмото место на гласачкото ливче.

На 8 мај, заедно со парламентарните избори, ќе се одржи и вториот круг од претседателските избори.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close