Агро бизнисБез категоријаВестиРурален туризамРурална ЖенаТоп вести
Жена од село Пуста Река подметнала пожар во плевна, огнот ја зафатил и боровата шума над селото
Од настанатиот пожар целосно е изгорена плевна, при што е предизвикана материјална штета од околу 250.000 денари.
На 01.07.2024 година во ПС ОН Крушево лицето С.П. (56 год.) пријави дека лицето В.Ш. од с.Пуста Река подметнала пожар во плевна при што пожарот имал можност да се прошири кон куќите и околната шума. Од настанатиот пожар целосно е изгорена плевна, при што е предизвикана материјална штета од околу 250.000 денари. Пожарот ја зафатил и боровата шума над с. Пуста Река. Интервенирано е од страна на ТППЕ-Крушево и два воздухоплови (хелихоптери) во сопственост на МВР и пожарот е целосно изгаснат во 19:00 часот.
Лицето е лишено од слобода и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.