Жителите на Селце дневно продаваат по 1.000 литри млеко

(Oвој напис е објавен на: February 26, 2017)

Селото Селце кое е оддалечено 18 километри од Штип во изминативе две години доби нови асфалтирани патишта, ново училиште и нова црква. Во селото живеат околу 120 семејства, и тоа Македонци, Турци, Власи и Срби. Општинарите во Штип издејствувале за неполни две години да се изградат неколку нови објекти и старите да се реновираат.

zhitelite na selce dnevno prodavaat po 1000 litri mleko

 

Кога го посетивме селото сите беа собрани на селскиот плоштад каде доаѓаат откупувачите на млеко. Дневно се откупува и пo 1 000 литри. Речиси сите во селото чуваат овци или крави. Селото располага 700 глави овци и 150 крави. Жителите посакуваат цената да биде повисока од сегашните 16 или 17 денари, но се задоволни што редовно во селото доаѓа транспортно возило што го откупува млекото. Некои одгледуваат тутун и имаат овошни и лозови насади.

„До новоизграденото училиште ќе води асфалтен пат, па учениците повеќе нема да газат во кал. Се асфалтираат улици во должина од 1.200 метри и сите куќи во селото ќе излегуваат на уредени улици. Инвестицијата изнесува околу 3 милиони денари”, вели градоначалникот на Штип, Илчо Захариев.