fbpx
ВестиТоп вести

ЗК „Пелагонија“ инвестираше во најсовремена фарма и биогасна централа

Земјоделскиот комбинат ЗК „Пелагонија“ од Битола во селото Новаци отвори биогасна централа со капацитет од 3 мегавати на час и современа фарма за 2.000 млечни крави. Инвестицијата изнесува околу 20 милиони евра. На отворањето вчера присуствуваа министерот за земјоделство Михаил Цветков, амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, како и голем број македонски бизнисмени.

zk pelagonija investirashe vo najsovremena farma i biogasna centrala

 

Во првата биогасна централа ќе се искористува арското ѓубриво од фармата, од кое со заедничко ферментирање со фуражната пченка ќе се добива биогас од кој ќе се произведуваат по 3 мегавати струја на час, „зелена“ енергија.

Според министерот Цветков, оваа инвестиција претставува пример за заокружен процес кој му недостигаше на земјоделството во Македонија. Тој посочи дека ваков вид на инвестиции треба да има што повеќе.

Во изградбата на биогасната централа, ЗК „Пелагонија“ инвестираше 10,5 милиони евра.

132996026

„Изградбата на биогасни централи претставува најсовремено еколошко решение во развиените земји во светот за справување со арското ѓубриво од фармите. Ние сме една од најголемите фирми во Европа кои се занимаваат со производство на „зелена“ енергија, односно струја произведена од биогас“, изјави Драган Китановски, директор на „Пелагонија- Енерџи“.

Паралелно со инвестицијата во биогасната централа, ЗК „Пелагонија“ вложи и во изградба на современи штали во Новаци со капацитет од 1.920 места, а ги реновираше и постојните за сместување на 400 животни. Комбинатот набави нови молзни крави и јуници, а во изградбата и модернизацијата на фармата инвестираше 9,78 милиони евра.

„Со последната голема инвестиција од речиси 10 милиони евра во капацитетот во Новаци добивме најсовремена фарма која може рамноправно да се носи со најразвиените во Европа. Континуираното вложување во технологијата и капацитетите придонесува „ЗК Пелагонија“ да ја задржи својата позиција на најголем производител на храна во земјава, но и постепено да ги освојува и пазарите во регионот“, изјави Томе Давков, директор на „ЗК Пелагонија“, кој потенцира дека станува збор за целосно домашна инвестиција.

Во наредниот период „ЗК Пелагонија“ планира и изградба на втора биогасна централа во селото Породин. Оваа централа ќе биде со ист капацитет како и вчераотворената во Новаци. Во втората фаза е планирана изградба на стакленици за двете централи на површина од 10 хектари за да може целосно да се искористи топлината која се добива од ладење на генераторите. Притоа, ќе се обезбеди целосна еколошка заштита на земјоделските површини и на околината.

DA7BB2306C6F3D40BFD441D00F175716

Технологија и опремата во првата биогасна централа се набавени од италијански и компании од САД.

Според американскиот амбасадор Бејли, изградбата на биогасната централа во Новаци е вин-вин за бизнисот, за заедницата но и за животната средина. „Како амбасадор сум горд што американски компании се вклучени во проектот со кои се обезбедува чиста енергија, која не е од јаглен, што за жителите на Битола е многу важно. Централата го решава и проблемот со отпадот, особено со гасот метан, кој придонесува за глобалното затоплување“, рече Бејли.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close