fbpx
Вести

ЗK „Пелагонија“ ќе донира 100 тони сточна храна во настраданите подрачја

ЗK „Пелагонија“ АД Битола ќе донира 100 тони сточна храна, наменета за сточарите од настраданите подрачја чии резерви беа уништени во невремето. Од компанијата изразуваат длабоко сочувство до семејствата на настраданите и искрено жалење за загубите направени од катастрофалните поплави во Скопје и во околината.

zk pelagonija kje donira 100 toni stochna hrana vo nastradanite podrachja

 

– Во согласност со апелите упатени од граѓаните на зафатените подрачја, покрај огромните материјални штети направени од поплавите, одгледувачите на стока се останати и без неопходната сточна храна за прехранување на нивните животни. Во наредните десет дена компанијата секојдневно ќе доставува по 10 тони храна во погодените подрачја, а доколку е потребно акцијата ќе продолжи и во наредниот период, односно с` до стабилизација на состојбата – соопштија оттаму.

ЗK „Пелагонија“ се најголемиот производител на сточна храна во Македонија, каде што производството во најголем дел се прави од сопствени земјоделски производи по пропишани рецептури што ги задоволуваат највисоките стандарди во производството на сточна храна.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close