Агро бизнисВестиТоп вести

Целосно сме незадоволни од средбата со министерот Трипуновски, информираа од Националната земјоделска мрежа

Од Министерот по сите прашања не добивме прецизни и јасно дефинирани одговори, велат од здружението .

Почитувани земјоделски производители!!!

Претставници на Националната земјоделска мрежа, а по претходно писмено барање во текот на вчерашниот ден во Скопје остварија средба со ресорниот министер за земјоделие Цветан Трипуновски.  На средбата беа упатени следните барања:

1. Програмата за директни плаќања за 2026 година да биде целосно отфрлена

2. Да важат истите минимални критериуми како во програмата 2024 со што ќе бидат опфатени најголемиот број на помали земјоделски стопанства со државни субвенции

3. Да се забрза динамиката на исплата на заостанатите и тековните субвенции за поддршка во сите сектори

4. Да се врати висината на ДИРЕКТНА финансиска поддршка за сточниот фонд како во програмата 2024 година.

4. Да се врати висината на исплата на полјоделски култури како во програмата од 2014 година.

5. Субвенциите по килограм тутун да бидат линеарно по 100 денари по кг тутун.

6. Државата под итно да преземе мерки околу законските обврски да ги заштити стратешките култури како што се јачменот оризот пченицата согласно Законот за земјоделие и рурален развој.

7. Да се воспостави директна и непосредна комуникација помеѓу индивидуалните земјоделски производители и ресорното министерство на начин каде предлозите и решенијата ќе се движат од земјоделците према институциите, а не како сега по обратен редослед.

8. Државата да воспостави механизам за заштита на домашното земјоделско производство од неконтролираниот увоз на храна од странство.

9. Државата да помогне преку интервентни мерки по последните покачувања на енергенсите ѓубривата и останатите репроматеријали кои се употребуваат во процесот на земјоделско производство

10. Дискусија и предлози за други актуелни проблеми

Состанокот кој траеше безмалку три часа од страна на преставници на НЗМ во присуство на ресорниот министер за земјоделие Трипуновски за жал не наидовме на поддршка и разбирање.

Од Министерот по сите прашања не добивме прецизни и јасно дефинирани одговори.

Дискусијата и разговорот на моменти течеше тензично и со дефокус од реалните барања од страна на преставниците на НЗМ.

Од состанокот немаше никаков конкретен заклучок.

Како членови на НЗМ ЈАВНО истакнуваме дека ова средба беше прифатена од страна на МЗШВ од формален карактер и дека целосно сме незадоволни од средбата.

Во ова прилика ЈАВНО истакнуваме НЗМ останува докрај и целосно на страна на земјоделците и посветено и бескомпромисно ќе се бори до крај за правата на своите членови и останатите земјоделци согласно позитивните законски прописи.

Со почит НЗМ

Поврзани новости

Може ќе ве интересира
Close
Back to top button