вести

Ќе се субвенционира рибарството со 1,5 милиони евра

ohrid

Со 1,5 милиони евра и во 2018-та година ќе се финансира порибувањето на езерата и реките и изградбата и реконструкцијата на рибниците.

Исто така субвенции ќе има и за пилот проектите и за развој на нови пазари.

За порибување на Охридско Езеро со подмладок од Охридска пастрмка се предвидени 6 милиони, а за порибување на Дојранското и Преспанското Езеро со крап 750 илјади денари.

Субвенции од 1 милион денари ќе има и за мандрите на Дојранското Езеро и капацитетите за преработка на риби.

Од аквакултурата предвидени се субвенции од 49 милиони денари за инвестиции, порибителен материјал и за финансиска поддршка од по 2 денари за килограм за произведена и продадена риба на пазарот.

По склучување на договор со Министерството исплатата на парите ќе се врши по реализирањето на активностите.

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close