fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Националната земјоделска мрежа бара 600 денари за килограм откупен тутун

Манипулација е дека тутунот се цени и откупува во прва класа

НАЦИОНАЛНАТА ЗЕМЈОДЕЛСКА МРЕЖА БАРА 600 ден ЗА ОТКУПЕН КИЛОГРАМ ТУТУН, стои во реакцијата испратена до Зелан берза.

Пред нас е 15 декември, почетокот на законскиот рок за откуп на тутунот. Како НАЦИОНАЛНА ЗЕМЈОДЕЛСКА МРЕЖА остро го осудуваме манипулативниот однос од страна на откупните компании кон своите долгогодишните кооперанти. Откупните компании злоупотребувајќи го дискриминаторскиот Закон за тутун и истовремено прекршувајќи низа законски одредби на највилгарен начин преку манипулација на проценка при екстремно ниски откупни цени безобзирно ги манипулираат и злоупотребуваат тутунарите дека тутунот се цени и откупува во прва класа. Вистината е сосема поразлична, а тоа е дека тутунот се цени во прва класа со цени што одговараат за трета класа.

Со ваквиот начин на проценка се дестимулират оние тутунари кои со многу труд и вложувања реално имаат екстра квалитетен тутун кој моментално се вреднува во класа на тутун со многу послаб квалитет.

Во ова прилика упатуваме јавна осуда кон откупните компании кои со ваков начин на проценка и вреднување на тутунот неповратно го уништуваат македонскиот бренд на тутун кој е граден макотрпно со децении и штетата ќе биде и по тутунарите, но и по компаниите. Упатуваме јавен апел до откупните компании под итно да ги коригираат откупните цени по класи при што за

-прва класа откупна цена да биде минимум 600 ден без одбитоци.

-за втора класа 500 ден без одбитоци

-трета класа 400 ден без одбитоци.

Тутунот да се цени согласно правилник за квалитативна и квантитативна проценка. Апсолутно ни е јасно дека овие цени можат да ги исплатат компаниите и се надвор од оваа чиста манипулација и грабеж и ќе резултира со уништување на ова важна социоекономска гранка.

Државата под итно да пристапи кон законски измени во Законот за тутун и да го заштити интересот на тутунарите како рамноправен социоекономски партнер. Субвенциите како стимулативна мерка да се во висина од 100 денари по кг. предаден тутун со оглед на висина на средствата кои се слеваат во државниот буџет од ова стопанска гранка. Доколку овие укажувања не бидат сериозно разгледани и прифатени од страна на посочените Националната земјоделска мрежа ќе поднесе претставка до Уставниот суд со образложение за дискриминација на тутунарите во Законот за тутун по основ нарушено право тутунарите да се договараат за цената на сопствениот производ што апсолутно се коси со уставното право на рамноправност.

Со искрена почит Ѓорги Каракашев, претседател на НЗМ

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close