вестиМакедонијаТоп вести

Остануваат проблемите со тутунот, власта најавува решение

Остануваат проблемите со тутунот во Општина Долнени. По Црнилиште и тутунарите од селото Дебреште се пожалија дека тутунот им се откупува под реалната цена. Најмногу се плашат и за оној тутун за кој немаат склучено договори. Претходноте години без проблем го предавале и овој тутун, но за годинава велат дека не можат да го предадат ниту тој што е со договор.

„Килажата си ја исполнуваат и ти вели назџад земи си го и враќај сии го тутунот. Првата класа што беше сега е двојка, а двојката ја даваат како тројка. Во Дебреште секоја куќа има од 50 до 100 пакету тутун. Тутунот е со договори и не им го земаат“, рече Риза Исмаилоски, тутунар од с. Дебреште.

„Моментално никој не е задоволен тутунот оди класа подолу. И ограничени се, сега го намалија и откупот. По се изгледа не им треба затоа не го купуваат. Лани беше скапан го купуваа, значи скапан треба да бил па да го земат“, вели Џеладин Ајдароски, тутунар од с. Дебреште.

Некои се до толку револтирани што велат дека можеби и повеќе нема да садат. Сакаат да си заминат од Македонија.

„Само чекам германска амбасада и ништо друго, напуштање. Имам 2 сина, едниот си замина, сега и другиот ќе го испратам, само чекам школо да заврши. Во оваа држава само багабонти можат да живеат домаќини и поштени луѓе неможат“, додаде Мумир Османоски, тутунар од с. Дебреште.

„Подобриот тутун ни вели враќај го дома или да го дадеме за втора класа“, Фикрет Дуракоски, тутунар од с. Дебреште.

Општина Долнени денеска ја посети директорот на државниот земјоделски=и инспекторат кој рече дека ќе се направат напори да се откупи и оној тутун без договор, а за цената не можеле да одлучуваат инспекторите кои постојано биле на терен. Досега имале 364 инспекциски надзори само за тутун во 2020 година.

„Договорениот тутун до грам ќе биде откупен, потоа големи напори им кажав ќе се направат да се откупии и над договореното. Инспекторатот гледа согласно мострите, дали работи пунктот согласно процедурата. Инспекторите не можат да одлучуваат за цената и класите“, изјави Зоран Шапуриќ, директор на државниот земјоделски инспекторат.

Според Шапуриќ денеска се очекувало да биде откупен 97% од договорениот тутун. Закоснкиот рок за откуп е до 29 февруари, кога и точно ќе се знае колку тутун е откупен и колку и дали е останат неоткупен.

извор: Сител

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close