Вести
Завршил ветерина, се занимавал со новинарство, а сега се посвети на овоштарство
Урош Давидовиќ завршил ветерина, но никогаш не се занимавал со оваа работа. Потоа почнал да се занимава со новинарство, водел емисија за земјоделство, а денес е овоштар, пишува bizlife.
Вели дека сака во иднина да живее од овоштарство, од производство на ракија, но сон му е да изгради своја фарма.
„Овоштарството беше начин, она што го сакам да го применам во животот. Подигнав овоштарник со круши и кајсии на имот во селото Радовање во Велика Плана“, вели тој.
Овоштарникот го садел етапно. Има седум хектари, при што најмладите садници се од пред година дена, а најстарите од пред пет години.
Додава дека оваа работа е тешка, и дека оние младите кои сакаат да вложат пари, треба да бидат свесни дека парите ќе се вратат за 15 до 20 години.