fbpx
ВестиТоп вести

Ќе најдат ли заеднички „јазик“ Македонија и Косово? Обид да се избегне нова трговска војна

 

Трговските бариери меѓу Македонија и Косово не предизвикуваат толку голема економска штета, колку што може да ги нарушат соседските односи, сметаат експертите. Забраната за увоз на икри и млади риби од Косово велат дека е добронамерна и сметаат дека треба да ги мотивира тамошните надлежни институции да ги имплементираат европските стандарди што поскоро.

Трговските бариери ќе се отстранат откако Косово ќе ги достави до Македонија потребните извештаи за здравствената безбедност на своите производи. Министерот за економија Бектеши очекува тоа да се случи најдоцна до почетокот на идната недела.

Од Агенцијата за храна велат дека подолго време се обидувале да добијат извештај од Косово од системот за контрола на производи, што според европските правила, е услов за непречена трговска размена.

Трговската размена меѓу двете држави има тенденција на постојан раст, при тоа Македонија остварува значаен суфицит. Во првата половина годинава извозот изнесува 140 милиони евра, а увозот само 13 милиони евра.

Извор: Сител

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close