Производството на мед може да биде добар бизнис?
Производството на мед може да биде добар бизнис, а во одгледувањето на пчели можат да се вклучат повеќе членови на семејството.
Во Србија се повеќе млади се одлучуваат за оваа гранка, посебно во Пожаревац, а тоа го покажува и зголемувањето на субвенциите.
Пчеларството во последните години бележи раст, поради добрата цена на медот и обезбеден пласман. Она што ќе се произведе се продава целосно.
Цената од 4 до 5 евра за тегла мед е примамлива, и со производство на мед почнуваат да се занимаваат невработени луѓе, но и оние кои имаат ниски приходи.
Просечна српска плата може да се заработи со 150 кошници со пчели, а во добра година и со помалку.
Покрај медот, приходи носи и матичниот млеч, прополисот и пчелниот отров кој е баран насекаде во светот.