fbpx
ВестиВкусот на традицијатаСоветиТоп вести

6 растенија, кои штитат од грип

Многу луѓе не посветуваат внимание кога се зборува за здравје и имунитет, мислејќи дека ќе чујат исклучително сложени совети. Но постојат пет едноставни производи, кои можат да обезбедат долг живот во одлично здравје.

Спречувањето на различни видови на болести, всушност, не е толку комплицирано колку што луѓето мислат. Постојат многу природни производи кои обезбедуваат “супер имунитет”, истакнува д-р Џоел Фурман, автор на студијата.

Сите зелени зеленчуци треба да се јадат по можност секој ден барем по два пати.

Грашокот содржи многу влакна кои го стабилизираат нивото на шеќер во крвта. Безброј истражувања покажуваат дека грашокот може да го намали ризикот од рак на дебелото црево.

Лукот е од производите кои можат да се наречат “супер храна”. Во него има висока концентрација на флавоноиди, кој влијаат на имунитетот и спречуваат разни видови заболувања.

И во белиот, и во црвениот кромид има соединенија кои дејствуваат против ракот, а кај луѓето кои веќе се дијагностицирани со рак, го спречуваат создавањето на нови канцерогени клетки.

Печурките содржат хранливи материи кои му помагаат на организмот да се бори против воспаленија, го спречуваат оштетувањето на ДНК. При тоа, докажано е дека состојките кои можат да се најдат во печурките, доведуваат до намалување на ризикот од рак на дојка и рак на матката.

Семето од тиква и сончоглед се исклучително здрави производи. Тие се богати со протеини и минерали. Многу од нив содржат омега 3 масни киселини, калциум, железо и цинк.

Ленот се препорачува за жените, бидејќи штити од многу женски болести.

Извор:Градина

Слични написи

Back to top button
Close