Агро бизнисВестиМакедонија
Пратеникот Исмаил Јахоски бара измени на постојниот закон за тутун и тутунски производи
Измена на постојниот закон за целосна поддршка за тутунарите
Пратеникот Исмаил Јахоски бара измени на постојниот закон за тутун и тутунски производи со која ќе се прифатат сите барања на тутунарите кои се соочуваат со една од најтешките откупни сезони за тутунот.
„Да не се манипулира со маката на тутунарите и да се откупи тутунот по пазарна цена. Ова не смее да ни се повторува речиси секоја година како проблем, мора да има гаранции за овие луѓе. Да се преземе сѐ за да се откупи тутунот во законскиот рок, а потоа да се склучуваат договори за новата реколта“, апелира Јахоски до компаниите кои го вршат откупот на тутун.
Според него, добар пример е решението со лозарите, кога владата донесе пакет итни мерки за откупот на грозје и даде поддршка за винарските визби.