fbpx
ВестиВино

Три нови вина на „Тиквеш”

Винарската визба „Тиквеш” на пазарот понуди три нови вина од линијата „Спешл селекшн”, „каберне франк” и две вина кои се дел од екстензијата на линијата „Спешл селекшн”, „оак едишн”, и тоа „шардоне оак едишн” и „каберне и мерло оак едишн”.

tri novi vina na tikvesh

 

„Каберне франк спешл селекшн” 2015 е ново црвено вино создадено од сорта грозје популарна во францускиот вински регион Бордо.

„Шардоне оак едишн” и „каберне и мерло оак едишн”, пак, зреат 6, односно 12 месеци во француски дабови буриња од 8.000 литри. „Овие три вина се израз на нашите цели за континуирани иновации, приближување на светските трендови и креирање нови вкусови за домашните потрошувачи. Затоа веруваме дека љубителите на вино ќе уживаат во овие три новитети во нашето портфолио”, вели генералниот директор на „Тиквеш”, Игор Илиевски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close