fbpx
ВестиМакедонија

Масовното вакцинирање почнува утре, закажани термини за 3000 граѓани

Во оваа фаза ќе бидат имунизирани  граѓани од критична инфраструктура – луѓе што работат, МВР, АРМ, новинари, служби од Град Скопје и сите што имаат контакти – возачи на автобуси, пожарникари, воспитувачки во градинките, вработените на патарините

Масовното вакцинирање на населението против Ковид-19 во земјава официјално ќе започне утре, понеделник, со „Спутник В“. Вакцинирањето ќе се одвива на пунктови во А1 Арената (сала „Борис Трајковски“), а закажани се термини за 3000 граѓани.

Во оваа фаза ќе бидат имунизирани  граѓани од критична инфраструктура – луѓе што работат, МВР, АРМ, новинари, служби од Град Скопје и сите што имаат контакти – возачи на автобуси, пожарникари, воспитувачки во градинките, вработените на патарините…  Според планот, вакцинацијата со 20 000 руски вакцини „Спутник“ што ги донираше Србија, ќе се одвива на 48 пункта.

Во салата вчера беше направена проба како ќе функционира и ќе се координира масовната вакцинација – местата каде ќе се прави приемот на граѓаните, потоа индивидуалниот преглед и вакцинирањето, пунктови каде ќе се издаваат потврди со термини за ревакцинација, местото за фижидерите за вакцините…

Ќе има тим од 20-ина медицински сестри и пет доктори во две смени, места за 15-20 минути опсервација по завршување на вакцинирањето и обележани делови за Итна медицинска помош ако е потребно.https://nezavisen.mk/masovnoto-vakciniranje-pochnuva-utre-zakazhani-termini-za-3000-gragjani/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close