fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Од полноќ пониска цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, цените на другите горива остануваат исти

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат исти

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се намалува за 0,50 денар/литар, а малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,51 проценти. 

Според одлуката на Комисијата, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,647 ден/кг и сега ќе изнесува 34,596 ден/кг.Од утре ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава по 68,00 денари/литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 по 70,00 денари/литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 60,00 денари/литар, Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) по 59,50 денари/литар и Мазут М-1 по 34,596 денари/килограм.

Како причини за ваквата одлука на малопродажните цени на горивата од РКЕ го наведуваат тоа што во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување кај бензинот за 0,82 проценти, кај дизелот има зголемување за 1,048 проценти и кај екстра лесното масло зголемувањето е за 1,35 проценти, додека кај мазутот има намалување за 1,856 проценти. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,522 ороценти.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close