Отворени нови работни места-рекорден втор квартал во ТИРЗ
Во технолошко индустриските развојни зони, по првиот, и во вториот квартал од годинава е регистрирано највисоко ниво на економска активност во последните четири години, покажува редовната месечна анализа на ТИРЗ.
Во технолошко индустриските развојни зони, по првиот, и во вториот квартал од годинава е регистрирано највисоко ниво на економска активност во последните четири години, покажува редовната месечна анализа на ТИРЗ.
Како што ссоопштија од Дирекцијата на ТИРЗ, во вториот квартал од 2021 извозната активност во индустриските зони достигна 763 милиони евра што е за 140 отсто повеќе од истиот период во 2020, додека во однос на 2018 година порастот е околу 27 отсто. Извозната активност и во јуни годинава е највисока на месечно ниво споредено со изминатите 4 години и достигна ниво од 239 милиони евра, што е за 25 милиони повеќе од истиот месец во 2020.
И во однос на увозот е регистрирано највисоко ниво во однос на истиот квартал во секоја од изминатите четири години. Така увозот во вториот квартал од годинава достигна 799 милиони евра и е дури за 200 отсто повисок од истиот квартал лани, односно за 62 отсто повисок споредено со вториот квартал во 2018. Исто така, месечниот увоз во ТИРЗ во јуни 2021 година го надминува месечниот увоз за истиот месец во изминатите четири години и е на ниво од 225 милиони евра. Споредено со јуни 2020 година, увозот е поголем за 37 милиони евра.
Поради ваквите активности како и интензивирање на инвестициите на компаниите во нови технологии, покриеноста на увозот со извозот во вториот квартал е 95,5 отсто. Само во јуни, извозот во ТИРЗ е за 12 милиони евра повисок од увозот односно стапката на покриеност достигнува 106,2 отсто.
Продолжува и растот на новоотворени работни места во компаниите активни во ТИРЗ. Во јуни е регистриран зголемен број на работни места од над 7,12 отсто во однос на истиот месец од 2020 година. Само во однос на минатиот месец мај има пораст од 1,36 отсто односно отворени се речиси 200 нови работни места.
Се очекува ваквиот тренд да продолжи и во наредните месеци со оглед на интензивните преговори за нови инвестиции од постојни и нови странски и домашни компании. Неодамна беше презентирана новата инвестиција на канадската компанија Магна која од првично најавените 15 милиони евра сега е зголемена на близу 40 милиони евра, со над 1.200 нови работни места.
„Ова е доказ дека новиот, паметен пристап во работењето во ТИРЗ дава конкретни резултати. Креираме нов развоен концепт на македонската економија што се базира на квалитетни инвестиции кои носат добивка и за компаниите, и државата, но и граѓаните,“ вели Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ.https://nezavisen.mk/rekorden-vtor-kvartal-vo-tirz-otvoreni-novi-rabotni-mesta/