fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

ЕКСКЛУЗИВНО-Во наредните денови исплата на 2 денари за грозјето!

СТАСА УБАВАТА ВЕСТ ЗА ЛОЗАРИТЕ!!! Во наредните денови се очекува исплатата и на мерката 1-10 од програмата за директни плаќања која ја имплементира Платежната агенција. Мерката предвидува дополнителни директни плаќања од 2 денари за произведено и предадено грозје од сортите Смедеревка, Вранец, Бургундец, Црн, Станушина, Кратошија, Жилавка и Кадарка.

Во наредните денови се очекува исплатата на 2 денари за грозјето, потврдуваат од Владата за Зелена берза. Во продолжение ви го доставуваме одговорот од Владата во целост.

 

Согласно законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од КОВИД–19 врз производството и откупот на грозјето, Владата, односно Генералниот секретаријат имаше обврска врз основа на издадени решенија од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој да исплати 6 денари за винско грозје до 18% шеќерни единици предадено на регистрирани производителни на вино, а наменето за вински дестилат и 2 денари за грозје предадено на регистриран откупувач на винско грозје за производство на вино.

Овие исплати се реализирани при што за мерката поддршка по килограм на произведено винско грозје до 18% шеќерни единици наменето за производство на вински дестилати, исплатени се 92.755.758 денари на 1.970 субјекти, а на сметките на 6.763 земјоделци исплатени се 211.481.873 денари за произведено и предадено грозје кај регистриран откупувач на винско грозје за производство на вино или за извоз на винско грозје.

Во наредните денови се очекува исплатата и на мерката 1-10 од програмата за директни плаќања која ја имплементира Платежната агенција. Мерката предвидува дополнителни директни плаќања од 2 денари за произведено и предадено грозје од сортите Смедеревка, Вранец, Бургундец, Црн, Станушина, Кратошија, Жилавка и Кадарка.

Со тоа ќе се финализира исплатата на целокупната финансиска поддршка за лозарите за реколта 2020, одговорија од Владата на прашањето на Зелан берза.

 

Анета Блажевска

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close