fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Идризи-Ако треба ќе спијам и на нива, горд сум на моите производи

61 годишниот Јусуф Идризи од тетовско Џепчиште обработува околу 70 декари земја, но и покрај состојбите во овој сектор, тој во ниту еден дел од разговорот немаше критика, за нешто или за некого.

Нема откуп, ниски цени, едвај преживуваме. Ова се најчестите фрази и реченици на земјоделците од тетовско, кои се дел од сториите на Зелена Берза. Тие и се за оправдување, ако се земе предвид актуелната состојба во земјоделите и сточарството. Но и покрај се, има и такви кои не се жалат буквално на ништо. Велат горди сме на нашите производи и горди што од земјата на нашите предци, сме ги пораснале и школувале децата.

61 годишниот Јусуф Идризи од тетовско Џепчиште е еден од нив. Обработува околу 70 декари земја, но и покрај состојбите во овој сектор, тој во ниту еден дел од разговорот немаше критика, за нешто или за некого. Ведар и насмеан вели – да бев помлад уште толку ќе работав, ако треба ќе спијам и на нива, само да донесам дома квалитетен род, оти од тоа и нашите предци и сега, но и идните генерации ќе живеат, ние авиони и возови не можеме да произведуваме.

-Не работам никаде, ама цел живот се занимавам со земјоделие. Се занимавам со тивка, со пипер, но пиперот веќе го оставив како и компирот, сега обработувам само пченка, луцерка, пченица и тиква. Имам 70 декари кои ги работам. Пола се мои, а пола ми ги даваат да ги обработувам така без пари, само да се работи земјата. На 30 декари обработувам тиква. Од другите производи сум се откажал, оти не можам да ги обработувам оти јас сам работам, жената не може,а снаата и синот работаат друга работа.Два трактори имам. Имам машинерија, се и тактори со фреза, за мерак. Има откуп за сите производи, само јас нема сила, сам сум, затоа се одлучив само за неколку производи. На пример еве за тиквата одам на нива неколку пати, фрезирам, бербата и се се завршува. Така е и за пченицата, пченката и луцерката, затоа и овие производи ги работам каде што се се работи со машинерија, а за другите земјоделски произвиоди треба човечка рака, а јас не можам сам да постигнам.Мое мислење е дека ние треба да работиме, да не губиме време, ако нема чар, зијан нема шанси да има.Од сабајле до 17 часот завршуваме работа Ако излезам на пазар, не одам тогаш на нива. Јас се што сум направил сум направил од моите ниви и на моите производи, јас сум многу горд. За мене ова преставува голема гордост. Знаете ли што значи да произведеш 15 тони пченица, знаеш што значи да произведеш големи количини луцерка, пченка, силажа, од нива да се раниш, мене тоа ми причинува задоволство. Големи две куќи имам, една стара една нова и тоа се од земјоделието сум го направил и три деца сум ги школувал од тие ниви, рече Идризи.

Иако многу земјоделци се имаат откажано од чување стока, Јусуф и во оваа дејност е упорен.Одгледува крави и телиња, и за нив вели се засадените површините со луцерка, пченка и пченица. Свесен сум дека е ниска цената кои млекарите ја плаќаат за продадено млеко, но јас најдов друга алтернатива. Млекото вели го продавам на мои муштерии, со кои со децении работам

-Земјоделието е препуштено на постарите, младите не работаат. Има синот ресторан, јас не можам да работам во ресторан, младите не ме сакаа, а на нива можам да работам ден и ноќ и да спијам на нива можам. Млеко носам во град кај мои познаници и така повеќе ми се исплаќа поскапо го давам и долго време јас соработувам со нив. Бадијала е што се жалат земјоделците. Ден и ноќ треба да се работи, ако сакаат да успеат, вели Идризи

Земјоделците треба да бида задоволни и ако имаат неуспешна година додава Идризи, оти ќе има и сезони во кои губитоците ќе им се порамнат од претходните години, таква е работата во земјоделието, како и во живот со подеми и падови. Не треба да се жалат и на немање на откупни центри и слично, оти како што се снајдов јас, така и тие треба да се снајдат. Од земјоделието секогаш ќе имаме по едно парче леб, оти без се, ама без земја не се може, додава тој.

Зоран Димовски за Зелена берза


Тагови

Слични написи

Back to top button
Close