fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Битиќи: Во 2022 години поддршката за компаниите ќе биде за 30 отсто поголема од оваа година

Буџетот што го ставаат на располагање за следната година ќе биде 60-ина милиони евра.

Следната година, механизмите како што се Гарантниот фонд, Зелениот инвестициски фонд, поддршка на извозните компании итн. ќе треба да акумулира портфолио од околу 150 милиони евра кредитирање на компаниите под поволни услови. Вкупно би кажал за 2022 година, надвор од енергетската криза во која што имаме обезбедено средства, поддршката на компании ќе биде за 30 отсто поголема од оваа година, истакна на денешната прес-конференција вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економски ресурси и инвестиции Фатмир Битиќи.

Тој, одоговарајќи на новинарско прашање околу помошта за компаниите за следната година наведе дека и во 2022 година продолжуваат со истото портфолио како и досега – Планот за економски раст преку инструментите кои што се таму, а тоа е Законот за финансиска поддршка на инвестиции,  Фондот за иноваци и технолошки развој и Дирекцијата за ТИРЗ.  Буџетот што го ставаат на располагање за следната година ќе биде 60-ина милиони евра.

– Но овде не треба да го занемариме сегментот којшто е во другите програми на министерствата коишто се редовнит програми за поддршка на стопанството, дали е тоа поддршка на претприемништвото, дали се тоа други мерки во Министерство за економија или, на пример, се веќе неколку инструменти коишто ги воспоставивме, а се дел од Развојната банка на Северна Македонија, а токму во периодот на КОВИД механизмите за поддршка на стопанството беа креирани во изминатиот период, посочи Битиќи.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close