Дезинфекција на објекти, прибор и опрема во овчарски и козарски фарми
Совети за сточари
Целта на чистењето (санитација) и дезинфекцијата е уништување на
микроорганизмите во просториите каде што се сместени добитокот, приборот и
опремата. Примарно треба да бидат уништени патогените микроорганизми, бидејќи тие
кај животните предизвикуваат заразни болести и различни видови на инфекции
(воспаленија), од кои животните заболуваат, а некои дури и умираат.
Пролетта е оптималан период за дезинфекција на трлата, приборот и опремата во
овчарските и козарските фарми. Потребата е поголема ако се знае дека во овој период
започнуваат интензивни подготовките за продажба на јагнињата, а овците во овој период
се најосетливи на болеста заразна кривотница
За успешно одгледување на стока, односно осигурување на здраво и продуктивно стадо,
одгледувачите на ситен добиток (овци и кози) мора да се запознаат со основните
потреби за дезинфекција и начинот на кој треба да ја спроведат дезинфекцијата во
сопствената фарма
За да се постигне саканата цел, спречување на заразни болести и нивно ширење
во стадото, мора да се изврши дезинфекција.
Разликуваме два основни вида на дезинфекција:
1. Превентивна дезинфекција – се врши најмалку еднаш годишно (напролет или
наесен) и има за цел да го спречи ширењето на заразата.
2. Интервентна дезинфекција – се врши после појавени причинители на болест и
има за цел да изврши уништување на причинителите на болеста.
Оваа дезинфекција предвидува темелно чистење на просториите, со изнесување на
целокупниот подвижен инвентар надвор од шталата, каде што ќе биде дезинфекциран.
Постилката, сеното, сламата и другата храна со помала вредност треба да бидат
запалени или компостирани, за да се спречи ширењето на болеста.
Фази на дезинфекција:
1. Механичко чистење, кое се состои од темелно суво чистење, после што
просториите се наквасуват со ладна вода. Потоа, нечистотијата се струга со остри четки
и метли и се пере со ладна вода. Ако фармерот има услови, наместо стругање, може да
употреби апарат за високомлазен напон на вода.
2. Сушење на исчистените простории и опрема
3. Дезинфекција на просториите и опремата, која се врши со темелно попрскување
со раствор на дезинфициенс.
4. Сушење на објектот и опремата
5. Вселување на стоката
Изборот на дезинфециенси, кои ќе се користат, зависи од видот на микроорганизмите
кои сакаме да ги уништиме, како и од формата на произведениот препарат.
– Најчесто се користат: хлорни препарати (Izosan G, хлорна вар), варно млеко и
жива сода (каустична сода) или
– Водени раствори од ладни дезинфециенси или топли дезинфециенси (60-70°C)
кои се нешто поскапи, но имаат поголемо бактерицидно дејство.
Нанесувањето на дезинфекционото средство е со распрскување, со помош на различни
прскалки и со предходно утврдување на оптималниот раствор.
За точно утврдување на оптималниот раствор на дезинфециенс треба да се
пресмета квадратурата на просторијата (под, ѕид, таван, хранилки, поилки) и да се следи
упатството на производителот на дезинфекционото средство.
За водени раствори (на 1м 2површина = 0,5 – 1 литар раствор)
Пример. За жива сода (каустична сода) (2-4% раствор)
2% раствор на жива сода = 100 литри вода + 2 кг жива сода
4% раствор на жива сода = 100 литри вода + 4 кг жива сода
Најдобро е целата просторија и опрема двапати или трипати темелно да бидат
попрскани. После дезинфекцијата е забранет влез во трлото, се` додека објектот и
опремата целосно не бидат исушени.
За дезинфекција на земјен под каков што е најчесто е во овчарските фарми, најпрво
треба да се откопа површинскиот слој на земја (околу 10 см), а потоа да се насипе
здрава незагадена земја од друго место. Потоа подот треба да се попрска со 20%
раствор на хлорна вар или 2% раствор на формалин во доза од 20 мл/м.2
Чистењето и дезинфекцијата мора да бидат совесни и стручни.
Брзата и површинска дезинфекција е само непотребно вложен труд, време и пари, со
мал или без никаков ефект.
Без добра дезинфекција нема успешно сточарско производство
Дезинфекција на бариери (дез бариери) е од посебно значење, бидејќи тоа се
посебно припремени површини (садови, бетонски вдлабнатини, тло или корито) преку
кои мора да се помине со возило или пешки, пред да се влезе во трлото или мандрата,
за да се спречи внес на микроорганизми во објектите. Овие дез бариери мора да бидат
така поставени за да не можат да бидат прескокнати или заобиколени. Бариерите треба
да бидат со длабочина од 6-8 см и во нив треба да бидат поставени:
– агресивни хлорни препарати, жива сода,
карболна киселина или
– појаки раствори на дезинфециенси
Растворот во бариерите треба да се менува
редовно, особено ако во меѓувреме врнело дожд.
Во помалите дез бариери наменети за луѓе, во
мали корита се постила синтетичка подлога
натопена во дезинфециенс за дезинфекција на
обувките, која лесно се пере и повторно натопува
со раствор. Пред секој влез во објектот, треба да
постои сад со дезинфециенс за дезинфекција на
рацете.
Во помалите фарми препорачливо е да постојат барем дез бариери наменети за луѓе.
ВНИМАВАЈТЕ !!!
Дезинфекционото средство во дез бариерите не смее да го поништува делувањето на
дезинфециенсот, со кој се дезинфецирани објектите
Извор:АПРЗ